Поради дождовите, заматена водата во Кавадарци, Неготино и Росоман

08.09.2016 13:16

Од таму велат дека во моментов регионалниот водовод се снабдува со вода само од изворите поради што е намален протокот.

Поради дождовите водата во општините Кавадарци, Неготино и Росоман е заматена. Од Центарот за јавно здравје препорачуваат задолжително превривање на водата пред употреба.

Од таму велат дека во моментов регионалниот водовод се снабдува со вода само од изворите поради што е намален протокот.

Доколку нема дополнителни врнежи, се очекува водата брзо да се избистри.