СДСМ: Нема назад, земјата мора да напредува

08.09.2016 13:26

Ние граѓаните се обврзавме да ја браниме својата независност, кога на 8 септември 1991 година изгласавме независна Република Македонија...

25 години независност беа исполнети со сериозни предизвици кои ја трасираа нашата посветеност и силна воља за просперитетна иднина, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во обраќањето на собирот во месноста Три Круши кај Драчево.

Ние граѓаните се обврзавме да ја браниме својата независност, кога на 8 септември 1991 година изгласавме независна Република Македонија. Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев покажаа како можеме заедно и како треба да работиме заедно, кога се во прашање интересите на државата.  25 години поминаа оттогаш. Трнлив е патот на зрелоста. Поминавме низ сериозни предизвици кои ја искушуваа нашата волја, нашата издржливост, нашата посветеност, нашата мотивираност, рече Спасовски во обраќањето.