Маратонци од Крушево до Скопје: Несекојдневен подвиг за Денот на независноста
По 15 часа борба со временските неприлики, тимот на Емил Илиќ пристигна во Скопје. Крајна дестинација на оваа несекојдневна авантура е претседателската резиденција на Водно.

Магла, дожд и силен ветер- силното невреме не беше обесхрабрувачки фактор за спортистот Емил Илиќ кој беше решен да истрае во предизвикот од Крушево да стигне до Скопје. Со благослов на свештеникот од крушевскиот манастир Св. Преображеније, тимот на Илиќ тргна на пат.
„Тешко е бидејќи временските услови се тешки, особено кај Крушево во планините, големе невреме е, многу дождо и многу ветер“, изјави маратонецот Емил Илиќ.
Дел од дестинацијата ја изоде пеш, дел ја мина со велосипед. Во еден здив повеќе од 170 километи. На патот не беше сам, го придружуиваше неговата ќерка Тамара која со него ја мина целата траса.
„Покрај добра екипа и добар тим, добра физичка и психичка подготвеност- не беше тешко, иако временските услови не беа како што треба, како што се подготвувавме“, изјави Тамара Илиќ, маратонец.
Маратонците продефилираа низ Прилеп, го искачија Плетвар, се прошетаа низ Велес. Точно на полноќ триумфално ја поминаа наплатната станица кај селото Петровец.
По 15 часа борба со временските неприлики, тимот на Емил Илиќ пристигна во Скопје. Крајна дестинација на оваа несекојдневна авантура е претседателската резиденција на Водно.
Илиќ е македонскиот рекордер во одеше пеш. Во 2005-тата година за 60 дена стигна пеш до Брисел.
Анита Димитријевска
