Ќе продолжи одличната соработка во одбраната – Средба Џафери –Шурман!

31.01.2014 12:52

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери се сретна со амбасадорката на Кралството Холандија...

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери се сретна со амбасадорката на Кралството Холандија, Мариет Шурман. На средбата, како што информираат од Министерството за одбрана, била потврдена одличната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната.

Џафери се заблагодарил за континуираната поддршка на Кралството Холандија во развојот на капацитетите на Министерството за одбрана и на АРМ. Холандија, посочил Џафери, е наш докажан пријател и партнер, со кој неуморно ќе продолжиме да работиме на сопствениот раст и развој.

Шурман истакнала дека Кралството Холандија и натаму ќе ги поддржува реформските процеси во Министерството за одбрана, но ќе продолжи недвосмислено да ги поддржува и евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија и  промоцијатата на почитувањето на човековите права, демократијата и еднаквоста.

Република Македонија и Кралството Холандија имаат долга историја на соработка во областа на одбраната и безбедноста, која се карактеризира со висок степен на реализација на планираните активности на годишно ниво. Дел од тие активности се однесуваат на едукацијата и образованието, донации во опрема и реализација на проекти во различни области.

 

Лидија Чакар