Повторно активно свлечиштето на магистралниот пат Ресен-Битола- Прилеп
Екипи и механија на „Македонија пат“ постајано дежураат и кога ќе се укаже прилика го чистат коливозот. Во телефонската изјава за Македонската телевизија рекоа дека на патот повремено се лизгаат и големи стени, па затоа крајно внимателно се постапува во акциите за расчистувањето на коловозот.

Неколкудневните врнежи од дожд, повторно го активираа свлечиштето во близина на ромската населба на магистралниот пат Ресен–Битола–Прилеп. Свлечиштето е долго од 300-400-метри и по цела должина во интервали има лизгање на земја и каменања.
Екипи и механија на „Македонија пат“ постајано дежураат и кога ќе се укаже прилика го чистат коливозот. Во телефонската изјава за Македонската телевизија рекоа дека на патот повремено се лизгаат и големи стени, па затоа крајно внимателно се постапува во акциите за расчистувањето на коловозот.
Овој дел од магистралниот пат од синоќа нешто по 21 часот е забранет за сообраќај и од двете страни на клучките кај бензиските пумпи се пренасочува низ Битола.
Истиот затворен ќе биде додека „Македонија пат“ во содејство со Инспекторатот за државни патишта донесат одлука дека оваа делница е безбедна.
Инаку ова свлечиште над Битола при поголеми врнежи е активно последните две до три години и според некоја статистка на надлежните, одтогаш до денес од коловозот се отстранети на 5.000 метри кубни земја и карпи.
Стевче Митревски
