Поплави во Грција: Вонредна состојба во регионот на Солун и на Пелопонез
Освен човечките жртви, причинета е и огромна материјална штета. Надојдената вода го блокираше автопатот што ја поврзува Атина со Каламата на Пелопонез, а затворени се и повеќе локални и регионални патишта.

Грција прогласи вонредна состојба во регионот на Солун и на Пелопонез, откако земјата беше погодена од големи поплави како последица на обилниот дожд, при што загинаа четири лица, а едно исчезна.
Освен човечките жртви, причинета е и огромна материјална штета. Надојдената вода го блокираше автопатот што ја поврзува Атина со Каламата на Пелопонез, а затворени се и повеќе локални и регионални патишта. Седум села од регионот останаа отцепени и недостапни за пристап по копно.
Каламата е еден од најпогодените градови од поплавите, каде што водата ги носеше автомобилите, уриваше ѕидови, а за во некои домови достигна и до 2 метри височина.
Во солунскиот регион пак, примени се над 500 повици за помош во поплавени домови и објекти.
Поплавите предизвикаа и прекин во телефонските линии како и во снабдувањето со електричната енергија.
Вонредната состојба се однесува на период од 6 месеци.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
