Заев: Македонија да ја видиме сплотена

08.09.2016 15:13

Треба да сме среќни и горди на тој јубилеј, но треба и да се подзамислиме дали Македонија доживеа вистински развој за овие 25 години, рече Заев во Струмица...

Време е Македонија да ја видиме сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интергирана во ЕУ и НАТО- порача во обраќањето на прославата во Струмица, лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Денес Македонија слави значаен јубилеј – 25 години од својата самостојност. Треба да сме среќни и горди на тој јубилеј, но треба и да се подзамислиме дали Македонија доживеа вистински развој за овие 25 години. Време е да го воскреснеме култното прашање на Крсте Петков Мисирков - „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за напрет.“ Ако одговориме дека доволно сме направиле за Македонија, тогаш го лажеме и народот, но се лажеме и самите себе, рече Заев.