Груевски: Народ со големо срце и нескршлива волја
Само обединети, смета Груевски, можеме да ја носиме нашата земја во новото време со сите предизвици и ситуации кои времето ги носи со себе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска упати честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
„За овие 25 години покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава. Ги демантиравме сите оние кои не веруваа во идејата за независна Македонија“, се вели во честитката до граѓаните на лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Само обединети, смета Груевски, можеме да ја носиме нашата земја во новото време со сите предизвици и ситуации кои времето ги носи со себе.
