Македонија

25 години независност

08.09.2016 16:19

Македонија денеска одбележува 25 години независност и самостојност. Успешно спроведениот референдум, самостојноста, кревката економија, влезот во Обединетите нации, конфликтот во 2001-вата, спорот со јужниот сосед, мигрантската и актуелната политичка криза- беа дел од премрежјата кои ги мина државава...

„Да Ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“- со овие зборови пред 25 години тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои спонтано се собираа на плоштадот „Македонија“ за да го прослават успешно спроведениот референдум, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Според хронологијата на настаните од минатиот век, референдумот во Македонија се одржа во период кога почна процесот на крвава дезинтеграција на Сојузната  Југословенска држава. По прогасувањето на незвисноста на Словенија и на Хрватска, во тоа подрачје се случи војна. Прво кус судир меѓу ЈНА и Словенечката територијална одбрана, а потоа и во Хрватска, која потоа се прелеа во Босна и Херцеговина. Сплитските настани ја зедоа и првата макеоднска жртва, војникот Сашо Гешовски. Сѐ до повлекувањето на макеодонски војници од просторите на завојуваните страни, животот, не по своја вина, го загубија 87 војници.

Овие настани кои што како на филмска лента се одвиваа пред македнската јавност, го испарви тогашното раководство пред големи предизвици и искушенија. Гласот на народот беше слушнат не само од јавноста.

За првата македонска техничка влада на премиерот Кљусев ќе остане забележано дека заедно со тогашното раководство, одигра значајна, клучна улога во заокружувањето на државноста- Парламнетот го донесе Уставот на државата, се воведе и македонската валута.

Република Македонија, но под рефернцата ПЈРМ, поради сѐ поголемото противење на Грција, на 8-ми април 1993-та година беше примена како 181 земја- членка на Обединетите нации.

Од тогаш до денес, во овие 25 години самостојно живеење, Македонската држава помина низ многу проблњми и тешкотии со кои се соочуваа сите досегашни влади.

На 11-ти декември годинава, Македонија е пред прагот на нови парламентарни избори, и тоа вонредни, со кои се очекува да се реши двегодишната криза.

 

Мирјана Василева