Иванов: Иднината на Македонија зависи од сите нас

08.09.2016 16:29

Четврт век самостојност- многу настани беа дел од историјата низ кои мина државата. По тој повод пред споменикот на паднатите херои за Македонија беа положени цвеќиња, а во собранието доделени државните награди 8-ми септември. Во пресрет на празникот, во МНТ синоќа се одржи Свечена академија.

Овој голем јубилеј е можност за преиспитување и самосогледување - рече шефот на државата во обраќањето. Иднината на Македонија зависи од сите нас- рече Иванов зборувајќи за декемвриските предвремени избори.

„Новата влада ќе има голема задача, на повеќе полиња. Во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции, неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре. Што значи тоа? Ако Европската Унија нема волја да ги започне преговорите за членство и да ги отвори поглавјата за Македонија, тогаш ние самите треба да си ги отвориме 34-те поглавја, и ние самите треба да си ги исполниме критериумите за членство во Унијата. Неопходно е да ги зацврстуваме институциите, да го реформираме судството, образованието, да ја унапредуваме економијата“, нагласи претседателот Иванов.

За денот на независноста, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски приреди традиционален свечен прием за државниот врв, пратениците, дипломатскиот кор. Нагласи дека годинава самостојноста ја одбележуваме во непринципиелна политичка криза.

„Позитивен е фактот дека политичките субјекти со помош на нашите меѓународни пријатели преку дијаалог ги дефинираа политичките критериуми и услови за решавањето на кризата. Притоа, сакам да изразам признание до сите пратеници од овој состав, бидејќи овие критериуми ги преточивме во соодветни законски акти и решенија, со што создадовме услови на следните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, граѓаните со својот глас да стават крај на политичката криза. Јас верувам дека сите ние како одговорни политичари во целост ќе ја почитуваме волјата на граѓаните“, изјави Вељаноски.

Македонија по две и пол децении независност е земја кандидат за членство во Европската унија со 11 години стаж и со исполнети критериуми за членство во НАТО.

Андријана Атанасовска