Јазлеста кожа ставена под контрола, досега 800 барања за обештетување за 2.400 животни
Болеста кај добитокот јазлестата кожа е ставена под контрола, нови жаришта на се регистрирани. Вакцинацијата заврши, а со работа почнаа и дибиточните пазари кои беа затворени поради опасноста од нејзино ширење. Досега 800 сточари однеле барање за обештетување на угинати и заразени животни.

По целосната вакцинација на добитокот, болеста јазлеста кожа е ставена под контрола и нема нови пријави за нејзина појава.
Досега 800 сточари поднеле барање за обештетување на вкупно 2.400 заразени и угинати говеда, но се очекува дека конечната бројка може да биде и 950 фарми.
Со работа почнаа и добиточните пазари во земјава, кои за да се спречи ширењето на јазлестата кожа беа затворени. Од Агенцијата за ветеринарство и храна велат дека е задолжително да поминат 28 дена по вацинацијата за сточарите да можат да го носат добитокот на пазар и да го продаваат.
Со нив задолжително треба да имаат и документ како доказ дека животните се вакцинирани.
Методија Трајков
