Во Белград одбележан Денот на независноста
И нашинците во Србија го прославија Денот на независноста. Беа одбележани и две децении дипломатски односи меѓу Македонија и Србија...

Денот на независноста на Република Македонија се одбелеа во Народниот театар, а организатор е македонската амбасада. Покрај овој голем празник, воедно се одбележуваат и 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Србија
На приемот присуствуваа високи представници на политичкиот живот во Србија, меѓу кои беше и претседателот на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ, преставници на дипломатскиот кор, истакнати јавни личности од Србија и Македонија и дел од македонската заедница во Србија.
„Искрените, пријателски и добрососедски односи со Република Србија, градат нови мостови на соработка во сите полиња, се со цел да одиме напед кон креативна, просперитетна и модерна Европа“, изјави за МРТ, Вера Јовановска- Типко, амбасадор на Република Македонија во Србија.
Приемот се одбележа со гостувањето на Македонската опера и балет со претставата „14 часа“ во кореографија на Игор Киров, на музика на Кирил Џајковски со примабалерината Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
