Попладне пороен дожд и грмежи, од вторник стабилизирање

09.09.2016 11:19

И во Скопје променливо облачно, со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Метеоролозите прогнозираат дека ваквото време ќе се задржи до понеделник.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

И во Скопје променливо облачно, со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Метеоролозите прогнозираат дека ваквото време ќе се задржи до понеделник.

Од вторник ќе настапи стабилизирање, а температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Интензивните врнежи деновиве, го вратија стравот кај граѓаните од поплави. Прогнозата е дека влажниот бран полека стивнува.