Бесими: Сите субјекти да се ангажираат во усогласувањето на законодавството со ЕУ

31.01.2014 14:11

Секретаријатот за европски прашања организираше дебата за Националната програма за усвојување на правото на ЕУ...

Секретаријатот за европски прашања организираше дебата за Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 согласно воспоставената пракса, а во функција на зајакнување на консултативниот процес со граѓанскиот сектор по однос на креирањето политики поврзани со процесот на евроинтеграцијата.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими истакна дека во активностите за усогласување на законодавството и исполнување на приоритетите од европската агенда треба активно да се вклучат сите субјекти во државата со што ќе се обезбеди поголема инклузивност и транспарентност на процесот.

Претставниците на граѓанскиот сектор ја поздравија иницијативата за консултација и нивно поактивно вклучување и посочија на потребата од воспоставување на систематизиран начин на консултација и соработка. 

Бесими со порака- Секретаријатот за европски прашања е отворен за натамошно продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор во оодделните поглавја од европското законодавство и воспоставување на механизми кои ќе овозможат постојан дијалог за процесот на усогласување. Во таа насока, невладиниот сектор е повикан да достави конкретни препораки и предлози за натамошна надградба на програмата во областите од нивен интерес.

 

Лидија Чакар