Турција продолжува со чистката
09.09.2016 11:51
Турските власти досега отстраниле вкупно 11.500 наставници кои, според Министерствоto за образование, ги поддржуваат и ограноците на сепаратистичката терористичка организација.

10.000 наставници во Турција се суспендирани поради сомневање за поврзаност со Работничката партија на Курдистан. Турските власти досега отстраниле вкупно 11.500 наставници кои, според Министерствоto за образование, ги поддржуваат и ограноците на сепаратистичката терористичка организација.
По серијата смртоносни напади во земјата, претседателот Ердоган нареди чистка од џихадистите на Исламска држава и курдските групи.
