45 луѓе заглавени на жичница над француските Алпи

09.09.2016 11:54

Спасувачките екипи со хеликоптери им доставуваат храна, вода и ќебиња.

45 луѓе останаа заглавени во жичница над француските Алпи поради технички дефект во системот. Спасувачките екипи со хеликоптери им доставуваат храна, вода и ќебиња.

Во текот на ноќта успеале да евакуираат 65 луѓе. Жичницата во близина на највисокиот планински врв во Европа, Монт Блан е долга 5 километри и е на границата меѓу Франција и Италија.