Раст од 2,2% на БДП во вториот квартал

09.09.2016 13:34

Во второто тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите- градежништво од 31%, потоа стручни, научни и технички дејности, секторот административни и помошни услужни дејности од 11,5% како и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9%.

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2016 година изнесува 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите- градежништво од 31%, потоа стручни, научни и технички дејности, секторот административни и помошни услужни дејности од 11,5% како и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално расте за 1,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6%.