Стапката на невработеност падна на 24% во вториот квартал
Податоците покажуваат дека стапката на активност во овој период изнесува 56,5, додека стапката на вработеност 42,9 отсто.

Продолжува тренодт на намалување на стапката на невработеност. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава падна на 24%.
Податоците покажуваат дека стапката на активност во овој период изнесува 56,5, додека стапката на вработеност 42,9 отсто.
Во второто тримесечје од 2016 година бројот на активното население во Република Македонија е 948.376 лица, од кои вработени се 720.674, а 227.702 лица се невработени.
Во првиот квартал од годинава, стапката на невработеност изнесуваше 24,5%. Во споредба со вториот квартал од минатата година, стапката на невработеност е пониска за 2,8%.
