Грантови од по 3.000 евра за самовработување
реку проектот досега се отворени над 8.000 компании. За овој оглас предвидено е доделување 100 гранта за самовработување како трета фаза од овој проект за годинава...

Отворен оглас за доделување грантови за самовработување. За добра бизнис идеја се планирани по 3.000 евра. Преку проектот досега се отворени над 8.000 компании. За овој оглас предвидено е доделување 100 гранта за самовработување како трета фаза од овој проект за годинава.
За реализација на овие нови 100 вработувања се обезбедени средства во висина од 20 милиони денари, додека за цела година се предвидени вкупно 1.010 грантови преку кои се отвораат толку нови работни места. За сите грантови годинава се предвидени вкупно 225 милиони денари, изјави на денешната прес-конференција дополнителниот заменик министер Диме Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски истакна дека од 2007 година, од кога се спроведува проектот, досега се формирани над 8.100 компании, и дека над 70 проценти сѐ уште работат. Во 35 од нив, има дополнителни над 250 вработувања.
