ДОМ бара институциите сериозно да ја согледаат состојбата со поплавите

09.09.2016 15:04

ДОМ смета дека државата треба да одвои реална сума буџетски средства за поплавените семејства, со која ќе можат да се поправат куќите, да се купи мебел, покуќнина и облека.

Демократската обнова на Македонија бара од раководните лица во институциите сериозно да ја согледаат состојбата со поплавите, и како што стои во дописот, да утврдат кој и во чие име ги злоупотребува несреќните граѓани и под итно да обезбедат да се испорача ветената помош од 500 евра.

ДОМ смета дека државата треба да одвои реална сума буџетски средства за поплавените семејства, со која ќе можат да се поправат куќите, да се купи мебел, покуќнина и облека.

Буџетски средства има, но погрешно се распределени и насочени во непродуктивни објекти и намени, се вели во соопштението од ДОМ.