Спасени патниците кои заглавија на жичницата над француските Алпи
09.09.2016 15:21
Со хеликоптери им беа доставувани храна, вода и ќебиња на оние кои не беа евакуирани во првата група од 65 лица.

Спасени се сите патници кои останаа заглавени на жичницата над француските Алпи поради технички дефект во системот. Со хеликоптери им беа доставувани храна, вода и ќебиња на оние кои не беа евакуирани во првата група од 65 лица.
Жичницата е во близина на највисокиот планински врв во Европа, Монт Блан, на границата меѓу Франција и Италија. Долга е пет километри и е на надморска височина од над три илјади метри.
