Награда за „Џипски меџик“ на фестивалот во Нанси
„Џипси меџик“ на македонскиот режисер Столе Попов, ја освои публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси – Франција, каде при прикажувањето доживеа вистински триумф, јавува дописникот на МРТ...

По гласањето на публиката и според бројот на гледачите на двете проекции, „Џипси Меџик“ ја освои наградата „COUP DE COEUR DU PUBLIC“. Филмот беше прикажан како избор на почесниот гостин на фестивалот Мики Манојловиќ, на кого му беше доделена награда за целокупното негово актерско дело.
„Џипси Меџик“ беше прикажан во престижната аелекција на Фестивалот „Под ѕвездите“. Инаку ова беше по прв пат, публиката да го избере за неа „најдобриот“ филм од девeтте филмови прикажани во ова селекција, кои се прикажуваа под овторено небо на времената кино сала во дворот на поранешната фабрика за цигари, сега претворена во културен центар и во најреномираното кино во Нанси и Франција „Камео“.
Да потсетиме, дека во овој филм е направен обид да се прикаже вистинската положба на Ромите, кај кои материјалната беда стои веднаш наспроти психолошката слобода којашто го претставува нивното вистинско богатство. По овој модел режисерот настојува таа содржина на филмот да ја направи што поуниверзална. Номадскиот менталитет, манифестирањето на исконската човечка потреба по трагање, опиеноста со животот и носталгичната жед по него, би требало да бидат суштинската естетска порака на овој филм.“
Во Нанси, каде филмот ја имаше својата прва проекција во Европа во новата ремастеризирана верзија во дигитална форма, за која преводот на титловите на француски јазик го направи Меѓународниот филмскс фестивал од Нанси, а филмот беше прикажан со голема помош и поддршка од страна на режисерот Столе Попов, Кинотеката на Македонија и Агенцијата за филм на Македонија.
Наградата за филмот „Џипси Маџик“ на Столе Попов, само покажува дека македонските филмови се квалитетни. Овој филм и дваесет години по неговото излегување во кино слаите се уште е актуелен. Оваа година на фестивалот во Нанси беше прикажан и филмот „Лазар“, кој што исто така го привлече вниманието на филнската јавност во Франција. Откако раководам со филмскиот фестивал во Нанси од пред четири години, се прикажани повеќе македонски филмови, како тие на Милчо Манчевски или „Панкот не е мртов“, минатата година беше прикажан „До Балчак“ на Столе Попов, што само сведочи дека македонските филмови се квалитетни, имаат место на европскиот и на францускиот филмски пазар, но останува големиот проблем на кој што треба да се работи, а тоа е нивната дистрибуција.
Тони Гламчевски, постојан допсиник од Франција за МРТ
