Силен земјотрес почувствуван во Скопје
11.09.2016 07:30
Според Европската сеизмолошка обсерваторија земјотресот бил со епицентар на 3 километри од Скопје, на длабочина од 2 километри...
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ги вознемири жителите на Скопје.
Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,4 стпени според Рихтер, а епицентарот бил на 3 километри југоисточно од Скопје, во реонот на Црешево, на длабочина од 2 километри.
По первичниот, следуваа и неколку помали потреси. Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.
