Мирна ноќ во Скопско по серијата земјотреси

12.09.2016 10:07

Последниот афтершок беше синоќа во 20 часот и 57 минути. Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста од дополнителни потреси со помал интензитет, но никој не може да ја предвиди природната појава...

По серијата земјотреси во текот на вчерашниот ден, мирна ноќ во Скопско. Последниот афтершок беше  синоќа во 20 часот и 57 минути. Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста од дополнителни потреси со помал интензитет, но никој не може да ја предвиди природната појава.

Во случај на земјотрес, неколку приоритетни правила за постапување, дефинирани во прирачникот. Се препорачува засолнување на побезбедни места во домот, кај носечките ѕидови, под цврста маса, да се покрие лицето со рацете додека трае потресот. Ако лежите, спуштете се веднаш покрај креветот, оддалечете се од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати. Останете во затворениот простор додека трае потресот. Не ги користите скалите и лифтовите, а при напуштањето на домот, повторно не го користете лифтот. Исклучете ги изворите на енергија.  Доколку возите, запрете го веднаш возилото.