Залихи на ориз пред новата жетва

12.09.2016 10:11

На еден месец пред новата жетва на оризот земјоделците очекуваат добри приноси и се надеваат дека ќе добијат пристојни откупни цени. Годинава по слабиот пласман од ланската реколта поради богатиот род во Грција, кај нас оризопроизводителите сеуште имаат заостанати залихи...

Нова главоболка за оризопроизводителите. Очекуваат добар род, но дел од ланската реколта се уште стои непродадена.

Земјоделците и годинава како и лани насеаа скоро 4.800 хектари и според првичните проценки родот на оризова арпа ќе изнесува повеќе од 29.000 тони   или  16.000 тони бел ориз што е приближно на производството во 2015 година.

Својпот род земјоделците го предаваат во 18 регистрирани фирми, но по откупот до јули не продадени стојат уште 1.800 тони оризова арпа.

Проблемот со пласманот и залихите настана поради високите приноси на оризот во Грција и неговата ниска цена на странските пазари каде што продаваме и ние.

 

Методија Трајков