Хилари Клинтон на лекување поради пневмонија
12.09.2016 10:15
Откако изгуби свест на комеморацијата по повод 15 годишнината од терористичките напади во Њујорк, Клинтон ја откажа кампањата во Калифорнија.

Медицинскиот тим на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон соопшти дека таа има воспаление на белите дробови. Откако изгуби свест на комеморацијата по повод 15 годишнината од терористичките напади во Њујорк, Клинтон ја откажа кампањата во Калифорнија.
Републиканците одамна и префрлаат дека не е здравствено подготвена за динамиката на предизборните активности, но нејзниот медицински тим го негира тоа.
На 26 септември се одржува првата од трите претседателски ТВ дебати. Изборите се закажани за 8 ноември.
