Избори во Хрватска: ХДЗ освои најмногу пратенички места

12.09.2016 10:41

Гласачите повторно, на ниту една партија не и дадоа јасно мнозинство да формира влада...

Конзервативната Хрватска демократска заедница, ХДЗ, освои најмногу пратенички места на парламентарните избори. Но, гласачите повторно, на ниту една партија не и дадоа јасно мнозинство да формира влада.

На второ место се Социјал-демократите кои ја предводат народната коалиција. Европската унија очекува најмладата членка да ги намали високиот јавен долг и буџетскиот дефицит, и да ја реформира јавната администрација.

Очекува и да се подобри бизнис- климата за да се поттикне раст во економијата во која се уште доминираат државните претпријатија.