Резултатите за стипендии на интренет страната на МОН

31.01.2014 14:38

Резултатите од конкурсот за студентски стипендии 2013-2014...

Резултатите од конкурсот за студентски стипендии 2013-2014 се објавени на интернет страницата на министерството за образование и наука.

Конкурсот се однесуваше на 2905 стипендии поделени во 3 категории и подкатегории. Пристигнале голем број на апликации.

Од министерство велат дека новото законско решение и новиот правилник ги дале очекуваните ефекти. Зголемена е свеста кај апликантите, дека системот тешко може да се изигра преку лажно прикажување на податоци за имотно материјална состојба или за просечниот постигнат успех.

Постигната е успешност на апликациите од 87%.