Случај „Еразмус“: Нови мерки за обвинетите

12.09.2016 12:39

Јавниот обвинител оцени дека покрај веќе изречените мерки на претпазливост има потреба и од забрана за превземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, со времетраење до правосилно окончување на кривичната постапка, соопштуваат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до скопскиот Кривичен суд достави нов предлог за определување на мерка на претпазливост против шест лица обвинети во предметот „Еразмус“.

Јавниот обвинител оцени дека покрај веќе изречените мерки на претпазливост има потреба и од забрана за превземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, со времетраење до правосилно окончување на кривичната постапка, соопштуваат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска
одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката.

Во предметот „Еразмус“ се обвинети 6 лица, за примање поткуп и злоупотреба на службената положба.

Кривичниот суд предходно им изрече мерки на претпазливост.