Катастар: Со холандска помош ќе се подобрува изработката на просторни податоци

12.09.2016 12:51

Кралството Холандија донира 68 илјади евра, до февруари се очекува да биде изработена нова Национална стратегија за инфраструктура на просторните податоци.

Холандски експерти ќе му помагаат на Катастарот за да се подобри изработката на топографските карти и инфраструктурните посторни податоци. Кралството Холандија донира 68 илјади евра, до февруари се очекува да биде изработена нова Национална стратегија за инфраструктура на просторните податоци.

Според заменик-амбасадорот на Кралството Холандија, Андри Ван Менс, потребата од веродостојни мапи е повеќе од нужна во секојдневниот живот.

Во животот се соочуваме со одлуки како купување на имот или одлука да се гради куќа и во овие ситуации од исклучително знаење е да се имаат веродостојни и добри мапи со помош на кои ќе донесеме исправна одлука, рече Менс.

Имајќи ги предвид достигнувањата во областа на националната инфраструктура на просторни податоци и картирањето, повеќе од сигурно е дека во овој момент поддршката од Кралството Холандија е добредојдена за да со заеднички сили она што го отпочнавме во оваа област и понатаму успешно го развиваме и реализираме, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Соработката меѓу македонскиот и холандскиот катастар трае 10 години.