Препораки за заштита: Не се исклучува можност од дополнителни помали потреси
Се препорачува засолнување на побезбедни места во домот, кај носечките ѕидови, под цврста маса, да се покрие лицето со рацете додека трае потресот...

Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста од дополнителни потреси со помал интензитет, но никој не може да ја предвиди природната појава.
Во случај на земјотрес, неколку приоритетни правила за постапување, дефинирани во прирачникот. Се препорачува засолнување на побезбедни места во домот, кај носечките ѕидови, под цврста маса, да се покрие лицето со рацете додека трае потресот.
Ако лежите, спуштете се веднаш покрај креветот, оддалечете се од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати. Останете во затворениот простор додека трае потресот. Не ги користите скалите и лифтовите, а при напуштањето на домот, повторно не го користете лифтот. Исклучете ги изворите на енергија. Доколку возите, запрете го веднаш возилото.
