ЦУК: На 195 се евидентирани до 300 пријави за штети
Пријавите, како што информираат од ЦУК, во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорски окна...

Над 300 јавувања за штети на телефонската линија на Центарот за управување со кризи по вчерашниот земјотрес во 15:10 со интензитет од 5,1 степен по Рихтер. Апел до граѓаните кои не можат да го добијат телефонски Центарот, да испратат електронска порака. Пријавите, како што информираат од ЦУК, во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорски окна.
Штети како последица од земјотресот вчера се пријавени и во СВР Скопје, за оштетувања на повеќе патнички моторни возила, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата „Ѓорче Петров“, во Институтот за македонски јазик, во објектот на МРТ, повеќе приватни куќи во село Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, а пријавено е и дека е паднат оџак од зграда во населба Железара.
Во ЦУК може да се пријават штети на отворениот телефон 195 или пак на меилот на ЦУК: [email protected].
