Нов земјотрес почувствуван во Скопје и околината
Според Европската сеизмолошка опсерваторија, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени по Рихтер и длабочина од 10 километри, а епицентарот се наоѓал на 11 километри североисточно од Скопје.

Нов земјотрес попладнево околу 14 часот и 18 минути беше почувствуван во Скопје и околината. Според Европската сеизмолошка опсерваторија, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени по Рихтер и длабочина од 10 километри, а епицентарот се наоѓал на 11 километри североисточно од Скопје.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, земјотрес со јачина магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.
Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.
Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси. Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
