Булеварот „Теодосиј Гологанов“ целосно проширен за шест месеци

31.01.2014 14:48

На булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје денеска започна третата фаза...

На булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје денеска започна третата фаза од проширувањето и реконструкцијата на оваа сообраќајница.

Оваа фаза ќе опфати реконструкција од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до улицата „Московска“ во должина од 1.600 метри за што Градот Скопје ќе одвои 81 милион денари. Со проширувањето, булеварот ќе добие четири коловозни летни, по две во секоја насока, а од двете страни на коловозот ќе бидат поставени тротоари со ширина од по 3,5 метри.

Овој дел од булеварот ќе биде осветлен со 84 столба за улично остветлување на кои ќе бидат поставени 108 светилки со моќност од 250 вати. За овој зафат Градот Скопје ќе потроши околу 11,6 милиони денари, а на осветлувањето ќе работат екипите на фирмата „Магнус Инжинеринг“.

Градежните работи ќе траат околу шест месеци, а на проширувањето и реконструкцијата ќе работи компанијата „Трансмет“ од Скопје.

Според премиерот Груевски, со реализацијата на оваа трета фаза од рекоснтрукцијата на булеварот, главниот град ќе добие уште една проширена делница со што ќе се овозможи и помал застој и поголема безбедност во сообраќајот.
 
„Проектите од ваков тип се влог во новиот лик на Скопје во насока на оставрување на идејата за град кој ќе биде во чекор со европските мотрополи. Развојот на градопт е заедничка одговорност и инвестиција на граѓаните, локалната и централната власт со цел изградба на модерно Скопје, кое ќе се издвојува по својата естетика и функционалност“, потенцира Груевски.