Пожарот на Тасос под делумна контрола
Пожарникарските тимови заедно со волонтери и локални жители прават напори да ја локализираат огнената стихија што се заканува да се прошири кон населените места: Рахони, Принос и Марион.

Пожарот на грчкиот остров Тасос што беснее од саботата е ставен под делумна контрола-информираат локалните власти. Пожарникарските тимови заедно со волонтери и локални жители прават напори да ја локализираат огнената стихија што се заканува да се прошири кон населените места: Рахони, Принос и Марион.
Досега огнот пеплоса стотици хектари маслинови дрвја, сандаци со пчели и шума чијашто големина допрва ќе се утврдува. Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе замине за Тасос, заедно со делегација министри, при што ќе ги посети областите погодени од пожарот и ќе се сретне со локалните власти.
