Изборите во Хрватска не донесоа ништо ново
Конзервативната Хрватска демократска заедница победи на предвремените парламентарни избори, според првичните резултати. На второ место- Социјалдемократите. Лидерот на ХДЗ Пленковиќ најави дека уште денеска ќе почне разговори за широка коалиција...

Вонредните парламнетрани избори во Хрватска не донесоа ништо ново на политичката сцена во однос на одмерувањето на силите. ХДЗ со парнерите е реален победник. Лидерот Андреа Пленковиќ изјави дека веќе од денеска ќе биде формирана платформата за преговори за нова влада.
„Идната Хрватска влада треба да биде стабилна во корист на хрватските граѓани, и европски ориентирана. Идната власт ќе биде онаква за која што говореа претставниците на Европската унија и Европскиот парламнет“, изјави Андреа Пленковиќ, лидер на Хрватската демократска заедница.
Лидерот на Народната коалиција Зоран Милановиќ во изјавата за јавноста рече дека ова не е среќен момнет за Хрватска, на која ѝ потребна стабилна влада.
„Морм да нагласам дека на овие избори испаднаа 10 насто помалку избирачи отколку во претходниот ноември. Коалицијата им стои на располагање на сите паретии и непходно е да се потиснат суетите“, изјави Милановиќ.
На овие избори по сѐ изгледа ќе нема ниту еден претставник во Саборот на Конзервативните праваши, а морален победник на овие избори е Жив ѕид со 8 добиени мандати, а лидерите одлучија дека нема да бидат дел од валдата без оглед на тоа која партија ќе формира влада.
Хрватските медиуми информираа дека и покрај тоа што се очекува формирањето на новата влада да биде во краток рок, дел од аналитичарите се скптични, а дел прогнозираат дека ХДЗ без дилеми ќе формира влада со МОСТ.
Лидерот, пак, на МОСТ Божо Петров порача дека неговите идни пратеници нема да се ценкаат и нема да одстапат од своите седум услови во предизборната камапања на левите и на десните партии.
Според прелиминарните информации, Хрватската државна комисија соопшти дека на вонредните парламнетарни избори води ХДЗ со 61 мандат, СДП освои 54 места, МОСТ се наоѓа на терето место со 12 места, а Жив ѕид со 8 места од 151 пратеничко место во Хрватскиот Сабор.
Мирјана Василева
