Стотка за победа!
За победа во трите ноќешни НБА натпревари беа потребни 100 постигнати поени. Индијана само вторпат е поразена дома, но ги загуби и двата меча со Феникс и затоа веќе не е екипата со најдобар ефект во лигата. За четвртиот триумф на „Санс“ во низа од 102:94 најзаслужен е Словенецот Горан Драгиќ кој реализираше 29 поени и 7 асистенции. „Пејсерс“ се лидери во „Источната конференција“ со скор 35 -10, но со две победи помалку од најдобриот на „Западот“, Оклахома.

Конечно, на нивото на квалитетот и на тоа колку се платени почнаа да играат и кошаркарите на Њујорк. „Никс“ се само на победа до плеј - оф зоната откако врзаа четири триумфи. Позитивниот биланс против Кливленд го продолжија со четврото славје во последните пет дуели. 117:86 благодарение на Тим Хардавеј Јуниор и на Кармело Ентони кои постигнаа по 29 коша со тоа што популарниот „Мело“ влезе во друштвото на 50-те НБА кошаркари со повеќе од 19 илјади поени.
Голден Стејт е во пад на формата, но успеа да биде подобар од „Клиперс“ коишто загубија по серија од четири победи. 111:92 за само втор триумф во пет меча на „Вориорс“ во креација на Стефон Кари и на Дејвид Ли кои уфрлија по 22 коша.