Рудолф Шустер- почесен доктор на науки на битолскиот универзитет

12.09.2016 15:58

Поранешниот словачки претседател, Рудолф Шустер, стана почесен доктор на науки на Битолскиот универзитет. Вети поддршка за Македонија на патот кон евроинтеграциите. Шустер важеше за добар пријател на покојниот, Борис Трајковски...

Големиот пријател на Македонија и на македонскиот народ, лауреатот Рудолф Шустер, стана почесен доктор на науки на Универзитетот „Свети Климент Охридски“- Битола. Поранешен претседател на Репулика Словачка, истакнат политичар, книжевник, литературен деец, добар пријател со загинатиот претседател Борис Трајковски. Шустер изрази голема благодарност за признанието, а се осврна и на политичката состојба кај нас, најавувајќи ја својата верна поддршка на Македонија на патот кон ЕУ. 

„Сметаме дека господин Рудолф Шустер ќе биде идниот амасадор на нашиот универзитет, но и на Република Македонија во Евроинтеграциските процеси“, рече Сашо Коруновски, ректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“. 

„Чинот на доделување на признанието на господин Шустер има три важни историски димензии. Првата е државничка и се однедува на прерано починатиот претседател и визионер на Република Макеоднија, Борис Трајковски, втората е големиот чин во високообразовните вреднувања кај нас, и третата е естетската димензија на духовната посветеност на господин Шустер на уметноста“, рече Јордан Плевнеш.  

Ова признание се доделува во година кога се чествуваат и 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, најдаровиотиот ученик и продолжувач на делата на Светите браќа Кирил и Методиј. Чин кој ја потврдува нераскинливата врска помеѓу словенските народи.

 

Ружица Ѓоршевска