Метео: Сончево со умерена облачност

12.09.2016 17:15

Дневната температура ќе достигне до 30 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Дневната температура ќе достигне до 30 степени.

Слични временски услови и температури се очекуваат и во среда.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска