Нова кредитна линија на ЕБРД за одржлива енергија

31.01.2014 15:15

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) насочи 125 милиони евра за финансирање проекти ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) насочи 125 милиони евра за финансирање  проекти за  одржлива енергија во 6 земји од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. 75 милиони ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки, а 50 преку директно финансирање на ЕБРД. Средствата можат да се инвестираат во  енергетска ефикасност и во обновливи енергетски извори.

„Интересот за вакви кредити во земјава е голем и веќе се пласирани 12 милиони евра, во  вкупно 38 проекти. Од нив 18 се за енергетска ефикасност,16 за обновлива енергија и 4 се комбинирани “ –вели  Анка Јонеску, шеф на Канцеларијата на ЕБРД во Македонија.

Министерството за економија и ЕБРД тргнуваат во засилена промоција на кредитната линија која  е достапна за: приватните компании, јавните институции и за локалните власти.

„Максималниот износ за приватниот сектор е до 2 милиона евра за проект, а предвиден е и грант од 5 до 10% од износот на инвестицијата. Кредит од 1 милион евра носи 100 илјади евра грант, а слично е и за општините“ –појасни министерот за економија Ваљон Сараќини.

ЕБРД ги охрабрува сите комерцијални банки да се вклучат во кредитната линија,  а  заинтересираните компании и општини да ги искористат и дополнителните 17 милиони евра обезбедени од донаторите во вид на грант наменети за техничка помош и за инвестициски потреби  на корисниците.

Свето Николовски