Гаревски: Афтершоковите не се со воедначен интензитет, нема простор за паника

13.09.2016 10:42

Последниот потрес што синоќа пред 20 часот го регистрира Сеизмолошката опсерваторија на Природно- математичкиот факултет беше со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала...

Продолжува серијата земјотреси во скопското епицентрално подрачје. Последниот потрес што синоќа пред 20 часот го регистрира Сеизмолошката опсерваторија на Природно- математичкиот факултет беше со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала.

Овој потрес предизвика страв кај дел од граѓаните кои вознемирени излегоа пред зградите.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологиja, Михаил Гаревски, вели дека нема простор за паника затоа што сите асеизмички изградени објекти без проблеми ги абсорбираат потресите со вакви магнитуди.

Според него, станува збор за таканаречени афтершокови, кои не се со воедначен интензитет.