Аселборн: Унгариja трeба да биде исклучена од ЕУ

13.09.2016 10:55

3емјите како Унгарија, кои креваат огради заради бегалците од некоја војна, или оние, коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ...

Унгарија треба да биде исклучена од Европската Унија, смета луксембуршкиот министер на надворешни работи и европски прашања, Жан Аселборн.

3емјите како Унгарија, кои креваат огради заради бегалците од некоја војна, или оние, коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ. Тоа е единствениот начин да се сочуваат единството и вредностите на Унијата, изјави Аселборн во интервју за денешен „Велт“.

На 2-ри октомври во Унгарија ќе има референдум, на којшто граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето- дали ги прифаќаат квотите за прераспределување на мигрантите во државите членки на ЕУ.