Началникот на ГШ на АРМ во посета на Вооружените сили на Република Чешка

13.09.2016 11:11

За време на престојот, генералот Величковски покрај работниот состанок со началникот на ГШ на ВС на Република Чешка, генерал Јозеф Бечвар ќе се сретне и со заменик на министерот за одбрана на Република Чешка, Јакуб Ландовски.

Делегацијата на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски, од денес престојува во тридневна работна посета на Вооружените сили на Република Чешка.

За време на престојот, генералот Величковски покрај работниот состанок со началникот на ГШ на ВС на Република Чешка, генерал Јозеф Бечвар ќе се сретне и со заменик на министерот за одбрана на Република Чешка, Јакуб Ландовски.

Делегацијата ќе оствари и работни посети на воената воздухопловна база во Прага и хеликоптерската база „Бискаскаја“, а ќе оддаде почит и на незнајниот војник во чешкиот национален меморијален центар „Витков Рид“.

На предвидените средби темите на разговор ќе бидат  поврзани со интензивирање на воената соработка во воените области од меѓусебен интерес, како што се размена на искуства од учество на хеликоптерски единици во мисиите на Обединетите нации, можностите за воено техничка соработка во наменската индустрија, изведување на заедничка обука и школувања на воен персонал.