Фигерес од Костарика се откажа од кандидатурата за нов генерален секретар на ОН
13.09.2016 11:36
Министерството за надворешни работи на оваа централноамериканска земја соопшти дека Фигерес не ја добила потребната поддршка при последниот круг од гласањето во Советот за безбедност во петокот.

Кристина Фигерес од Костарика се откажа од натпреварот за нов генерален секретар на Обединетите нации.
Министерството за надворешни работи на оваа централноамериканска земја соопшти дека Фигерес не ја добила потребната поддршка при последниот круг од гласањето во Советот за безбедност во петокот. И самата Фигерес на Твитер потврди дека се откажува од кандидатурата, за како што вели, да го олесни сложениот изборен процес.
Ќерката на поранешниот претседател на Костарика, Хосе Фигерес Ферер, беше кандидирана за нов генерален секретар на ОН во јуни.
