Поради љубовна врска, двајца повредени од огнено оружје во Смесница

13.09.2016 12:47

Двете повредени лица се здобиле со прострелни рани на градниот кош и биле пренесени во градската општина болница „Наум Охридски“ каде што се задржани на лекување.

Две лица се повредени синоќа во тепачка во село Смесница во Општина Зелениково. МВР соопшти дека тепачката настанала поради љубовна врска меѓу членови на две фамилии.

Двете повредени лица се здобиле со прострелни рани на градниот кош и биле пренесени во градската општина болница „Наум Охридски“ каде што се задржани на лекување.

Во тепачката 30-годишниот Џ.Д. се здобил со две прострелни рани во пределот на градниот кош, а 25 годишниот Ф.Д. со една рана во пределот на градниот кош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.