Стартува проектот „Екос“

13.09.2016 12:56

Од вкупно десет избрани компании ќе се користат искустава кои ќе треба да се применат на останатите компании кои сакаат да ги намалат трошоците и да заштедат енергија...

Центарот за енегетска ефикасност и Министертсвото за економија го стартуваа проектот „Екос“. Со него од вкупно десет избрани компании ќе се користат искустава кои ќе треба да се применат на останатите компании кои сакаат да ги намалат трошоците и да заштедат енергија.

Од МАЦЕФ велат дека заштедите се движат и до 20 проценти, а новата опрема помага инвестицијата да се врати за само една година.

Проектот „Екос“ се спроведува во соработка со Министерството за економија. Целта е развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство. Проектот ќе се спроведува од јуни до ноември годинава.