Повеќе од 25 земјотреси регистрирани на Балканот за 24 часа

13.09.2016 13:04

Изутрината земјотрес е регистриран на Островот Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција.

Во последниве 24 часа на Балканскиот Полуостров се регистрирани повеќе од 25 земјотреси, главно со помали магнитуди, меѓу 2 и3 степени според Рихтеровата скала.

Изутрината земјотрес е регистриран на Островот Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција.

Продолжува серијата земјотреси во скопското епицентрално подрачје. Синоќа пред 20 часот Сеизмолошката опсерваторија на Природно- математичкиот факултет регистрира потрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала.

Денеска беше забележан уште еден потрес со помал интензитет, од 1,5 степени според Рихтер.