Три лица уапсени во антитерористичка операција во Германија

13.09.2016 13:55

Во рациите во Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн учествувале околу 200 полицајци...

Три лица се уапсени при шест полициски проверки во рамките на антитерористичка операција во две германски покраини, соопштија локалните власти.

Во рациите во Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн учествувале околу 200 полицајци, изјави портпаролката на федералната криминалистичка полиција.