Се креира нова стоматолошка здравствена мрежа

31.01.2014 15:38

Македонија и земјите од регионот ќе добијат реална слика...

Македонија и земјите од регионот ќе добијат реална слика на состојбите со оралното здравје на населението. Ќе се креира нова стоматолошка здравствена мрежа и предлог конструкција за потребниот третман за орални заболувања.

Ова денеска го договорија претседателите на стоматолошките комори од Македонија, Словенија , Босна и Хергеговина и Хрватска.

Во октомври земјава ќе биде домаќин на стручниот конгрес на стоматолозите од овие земји што ќе биде посветен на развојот на нови технологии во оваа област.