Наумов: Повторен обид за манипулација со долгот
13.09.2016 15:16
Според него, повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула.

Долгот што доспеваше на 7-ми септември се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра, се вели во соопштението од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
Според него, повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула.
Согласно со официјалните податоци, домашното задолжување заклучно со месец август изнесува повеќе од 79 милијарди денари, вели Наумов.
